Владата предлага укинување на Советот за утврдување на факти

Од:

Владата предлага укинување на Советот за утврдување на факти и враќање на надлежноста за водење на дисциплинската постапка на Судскиот совет.

Одлуката да претстане важењето на Законот за Советот за утврдување на факти, е усвоена на вчерашната владина седница и според најавите од Владата денеска или утре ќе биде доставена до Собранието на Република Македонија.

Поради правните последици кои произлегуваат од овој закон, ќе бидат направени и измени на Законот за Судски совет.

Покрај правните последици, измените во Законот за судски совет, како што појаснуваат од Владата, се прават и со цел да се воведе целосна транспаретност во работата на Советот и да се поедностави дициплинската постапка за утврдување на одговорноста на судија.

– Она што беше утврдено од страна на Минитерството за правда е дека Судскиот совет во изминатава декада работеше целосно нетранспаретно и членот 33 став 2 со кој се предвидува во кој случај јавноста може да биде исклучена од работата на Советот, била партицирана како правило и граѓаните немале можност да го следат изборот и разрешувањето на судиите. Раководејки се од овие причини и од забелешките на Венецијанската комисија за законите за дисциплинска одговорност и евалуација на судии, како и од препораката на експерти за системски прашања, оценето е дека е неопходно да се пристапи кон измена на одредбите од овој закон со кои ќе се воведе целосна транспретност во работата на Советот и ќе се поедностави дицпилинската постапка за утврдување на одговорноста на судија, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма