Уставниот суд на денешната седница одлучи „Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните“ да биде укинат. Судиите констатирале дека законот е уставно проблематичен и дека треба да биде укинат.
Одлуката ќе стапи на сила по нејзиното објавување во Службен весник, со што и, укинатиот закон повеќе нема да биде дел од правниот поредок. Законот е донесен во 2014 година.