Владата предлага измени на Законот за заштита на сведоци

Од:

Владата на синоќешната седница усвои Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти владината прес-служба.

Владиниот кабинет донел одлука да му предложи на Собранието усвојување и на предлог закони за престанок на важењето на Законот за совет за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и за изменување и дополнување на Законот за Судски совет.

– Целта е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија, водејќи сметка за дадените забелешки и напатствија од меѓународните институции во делот на реформите на правосудниот систем, соопшти владината прес-служба по синошешната седница на Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма