Вооружен маж уби денеска три лица во пукотница во една куќа во градот Аурора, во државата Колорадо, каде кон средината на минатата година во локалното кино се случи грозоморен масакр, јавија американските медиуми.
Полицијата соопшти дека едно лице успеало да избега од куќата, каде „вооружен и опасен маж“ претходно затвори заложници. Повеќе куќи беа евакуирани, а патиштата затворени од безбедносни причини, пред полицијата да го убие осомничениот.
Аурора во јули се најде на насловните странци на светските медиуми, откако еден маж со маска на Џокер, упадна на премиерата на филмот за Бетмен „Подемот на мрачниот витез“ и уби 12 лица, а рани 58.