Во Делчево кадровски смени во локалните институции

Од:

Нов в.д. директор на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево од денеска е инженерот по хортикултура Розета Цонева, вработена во претпријатието.

Ова именување следува откако претходниот в.д. директор Дарко Гоцевски си поднесе оставка на функцијата. Именувањето на Цонева е во рамки на кадровските смени на првите луѓе на општинските иституции. Како што истакна градоначалникот Горан Трајковски, во тек е именувањето директор на СОУ „М М Брицо“, а досега нови директори добија двете основни училишта во Делчево.

Во ООУ„Климент Охридски“ за в.д. директор е поставен професорот Горан Димитровски, додека во ООУ„Ванчо Прке“ професорот Горан Велков.

На кадровските смени, претходеше и непродолжување на договорите на 16 лица ангажирани преку Агенција за привремени вработувања.

Би можело да ве интересира

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка