Европската комисија ќе се бори против лажните вести и дезинформациите, откако денеска најави дека формира група од експерти кои ќе предложат начин за справување со оваа појава.
Претставници од научната фела, онлајн платформи, медиуми и граѓански организации ќе бидат дел од групата која што ја изготви европската стратегија за борбата со ширењето на лажни вести.
Еврокомесарката Марија Габриел смета дека во основата се акции за заштита на правото на граѓаните на квалитетна информација, а повикани се сите засегнати страни да споделат мислења до средината на февруари идната година.