Тимот на Металург вечерва во Скопје беше поразен од француски Монпеље во седмото коло од групната фаза на Лигата на Шампионите.
Францускиот тим влезе во натпреварот како фаворит, но македонскиот вицепрвак имаше активен резултат скоро до самиот крај на натпреварот, кога Монпеље со серија 5-0 ја забележа победата.
Металург има пет поени во групата Д по седум одиграни натпревари.