ВМРО-ДПМНЕ: СДС планира во 2018 да ја задолжи Македонија за нови 854 милиони евра

Од:

„Расипништвото и неодговорноста на СДС не знаат за граници. СДС во 2018 година планира да ја задолжи Република Македонија за нови 854 милиони евра, 566 милиони евра на странскиот пазар и 288 милиони евра на домашниот пазар, за да го финансира досега најголемиот Буџет во историјата на државата.

Огромен Буџет, огромно задолжување, а незначителни инвестиции, граѓаните и нивните потреби на последно место.

Намалени се средствата за исплата на земјоделски субвенции кои се помали за 24 милиони евра од првично најавените, имаме селективно покачување на платите, наместо генерално, а укинато е и покачувањето на пензиите. Тоа е политиката на СДС, кратење на средства наменети за потребите на граѓаните.

Додека оризарите, лозарите и раноградинарите молат за повисоки откупни цени и помош од државата за да можат да опстанат и продолжат да произведуваат, СДС се задолжува за стотици милиони евра, без дел од тие пари да ги предвиди за зголемување на субвенциите, напротив наместо зголемување земјоделците имаат намалување.

Додека се крати на реалните потреби на граѓаните и се задолжува без план и потреба, вработените од Фени, Колска и Еурокомпозит секојдневно легнуваат и стануваат со помислата дали утре ќе имаат со што да го прехранат своето семејство.

Граѓаните не се приоритет на оваа влада. СДС ги излажа граѓаните, а сега крати на нивните потреби и реални очекувања. Граѓаните се измамени и служат само како работна сила која ќе го враќа долгот кој оваа влада од ден во ден го зголемува“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ