Денеска во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржаа финалните натпревари во рамки на 47-то издание на најголемиот боксерски турнир „Златен Гонг“.
Освојувач на наградата „Златен Гонг“ е Беким Вјерда (Албанија), за најдобар македонски боксер е прогласен Денис Муаремовски, најдобар техничар е Виолент Сулејмани (Косово), најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ (Србија), најдобар тренер е Кристијан Ходак (Хрватска), додека Бранислав Дамајановски (Србија) е прогласен за најдобар судија на турнирот.
Првиот „Златен гонг“ се одржа пред повеќе од четириесет години на иницијатива на легендарниот спортски работник Живко Дуковски, а во организација на Боксерскиот клуб „Скопје“ од Скопје. Првиот победник, далечната 1969-та беше Звонимир Вуин од Југославија. Досега ова престижно признание на една од најстарите спортски Манифестации го освоиле десет македонски боксери, меѓу кои и Аце Русевски, Реџеп Јакупи, Мухамед Алија, Примислав Димовски, Мумин Вели, Фатлум Жута, Пеџеп Реџеповски, Џевад Асанов, Хами Наси и Седат Керимов.