Министерот Ќахил на одбележувањето на 79-годишнината од смртта на Ататурк

Од:

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Проф. Д-р Аднан Ќахил, денеска присуствуваше на комеморативната церемонија по повод одбележувањето на 79-годишнината од смртта на основачот на Современата Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Одбележувањето на 10-ти ноември, смртта на Ататурк беше организирано од страна на Амбасадата на Република Турција, во Република Македонија, каде пред присутните се обрати амбасадорот Н.Е. Тулин Еркал Кара.

На церемонијата, точно во 09:05 часот, присутните му оддадоа почит на Мустафа Кемал Ататурк и неговите дела, со едно минутно молчење, по што следеше интонацијата на химната на Република Турција.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада