Гитара на Принс продадена за 700.000 долари

Од:

Гитара на починатата поп икона Принс, по долго и жестоко наддавање, е продадена за 700.000 долари, што е највисока цена платена кога било за гитара на покоен музичар.

Првичната цена на прочуената сина гитара „Облак” беше проценета на 60.000.

На истата аукција беше продадена и дијамантска ракавица на Мајкл Џексон за 102.000 долари, а неговата црвена јакна од змиска кожа, од спотот за „Beat it” достигна цена од 118.000 долари.

Ем-Ти-Ви наградата Курт Кобејн е продадена за 62.500 долари, маица на Џими Хендрикс за 106.000, а оригиналот од текстот за песната „Starmen” на Дејвид Боуви за сума од 81.000 долари.

Би можело да ве интересира

Принс постхумно ја доби наградата што отсекогаш ја посакуваше

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Наум Локоски

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Наум Локоски

Наследниците на Принс поднесоа тужба против болница и синџир аптеки

Наум Локоски

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Наум Локоски