Предлог-буџетот за 2018 ќе биде презентиран пред бизнис заедницата

Од:

Стопанската комора на Македонија денеска организира презентација на Предлог-буџетот за 2018 година пред бизнис заедницата.

На настанот, како што е најавено од Стопанската комора на Македонија, ќе присуствува министерот за финансии Драган Тевдовски кој ќе ги презентира проекциите во Предлог-буџетот и планираните макроекономски остварувања.

– Вклучувањето во процесот на консултации во фаза кога се креира буџетот, ќе овозможи бизнис заедницата да даде конкретни предлози кои ќе имаат развоен каратер, а ќе биде од големо значење и заради навремено запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година, велат од Стопанската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година