Дел од синдикатите реагираат на зголемувањето на платите со Предлог-буџетот за 2018

Од:

Дел од синдикатите денеска реагираа што со Предлог-буџетот за 2018 година е предвидено зголемување на платите за пет проценти само за вработените во образованието, одбраната и здравството.

Од Самостојниот синдикат на клинички центри преку соопштение посочуваат дека бчерашниот Предлог-буџет за 2018 година за покачување на платите во јавното здравство за пет проценти е неприфатлив и претставува дополнителен поттик за одлевање на докторите, медицинскиот сестри и останатиот персонал вработен во јавните здравствени установи.

Според Синдикатот на УПОЗ, парцијалното зголемување на платите, создава револт и незадоволство кај другите дејности во јавниот сектор како што се јавната администрација, судската и јавнообвинителската служба. Од овој синдикат посочуваат дека платите на судската и обвинителската служба не само што не се зголемени во последните години, туку им е скратено и законското право на исплата на надоместоци на плата.

Македонскиот полициски синдикат во соопштението потсетува дека не се реализирани преостанатите две усогласувања од по пет проценти за вработените во Министерството за внатрешни работи и бара од Владата да каже дали тие ќе бидат реализирани со исплатата на декемвриската плата, во јануари следната година.

Синдикатот на културата ја поздрави одлуката на Владата за зголемување на платите во одбраната, здравството и образованието, но потсетува дека носителите на дејноста во културата земаат пониски плати од просечната нето плата во државата. Во соопштението, Синдикатот истакнува дека во културата формално постои општ колективен договор од 2005 година, но оти тој во пракса не се спроведува поради што бараат изработка на нов закон за култура и нов колективен договор по примерот на западноевропски држави.

Синдикатите бараат средба со претседателот на македонската Влада, министерот за финансии и со ресорните министри.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година