Заврши имунизацијата за заштита од сезонски грип во Кочанско

Од:

Имунизацијата за заштита од сезонски грип во Кочани и регионот заврши. Потрошени се сите набавени вакцини за Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Делчево, Виница и Берово.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека нема да се порачуваат дополнителни вакцини иако има интерес од граѓаните за имунизација.

– Во рекордно време заврши вакцинацијата од сезонски грип во општините што ги покрива Заводот за јавно здравје од Кочани. Речиси сите имунизациони одделенија во општините од регионот се соочија со недостаток од вакцини, а на ниво на регион беа требувани 2.400 вакцини. Од лицата што се вакцинираа, 80 отсто се пензионери, изјави Магдалена Манасиева, директор на Центарот за јавно здравје од Кочани.

Манасиева истакна дека годинава бил мошне голем интересот од страна на граѓаните и додаде дека според најавите од Републичкиот завод за јавно здравје нема да бидат набавени нови количини на вакцини.

Годинава, од набавените 2.400 вакцини за Кочани беа обезбедени 900, за Делчево и Македонска Каменица 500, за Виница 450, Берово 350 и 200 вакцини за општина Пехчево.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски