Изложба на слики и икони во Куманово

Од:

Изложбата на слики и икони од меѓународната ликовна колонија „Македонска икона 2012“ вечер ќе биде отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Оваа ликовната колонија на македонската сцена постои пет години и досега во својата работа има вклучено повеќе ликовни уметници од Македонија и од регионот. Идејата на колонијата е промоција на македонската икона преку создавање нови икони. Сите активности, финансиски и организациски, со оваа колонија се повразни со Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово, со координација на уметничкиот директор на колонијата Мирослав Трендафиловски – Мики.

Кумановската публика ќе може да погледне по неколку дела од Васко Ташковски, Трајан Трајковски, Александар Стефановски и Мики Трендафиловски од Македонија, Радојка Самарџија, Биљана Новковиќ и Весна Антониќ од Србија, Михаела Гаџева и Марија Евтимова од Бугарија.

Изложбата ќе биде поставена до 24 јануари, а потоа ќе биде презентирана и во неколку позначајни галериски центри низ државата.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање