Во Куманово презентиран патувачкиот претприемнички караван

Од:

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) денеска го презентираше патувачкиот претприемнички караван пред младите кумановци, како и пред претставници од локалната власт, од одделенијата за локален економски развој и од Центарот за вработување

Оваа активност се реализира во рамки на „ Shift – кон онлајн и офлајн заедница за претприемништво“.

Главната цел на проектот, според надлежните од младинската организација, е на младите лица да им се овозможи пристап до иновативни и интерактивни алатки за неформално образование, кои ќе овозможат развивање и унапредување знаења и вештини кај невработената популација, особено кај младите, како и маргининализираните групи.

Центарот за интеркултурен дијалог го спроведува проектот во партнерство со здржението „Без граници 21 век“ од Бугарија, а е финансиран од ИПА програмата.

На настанот беше промовирана брошурата која опфаќа низа активности спроведени во претходниот период.

– Веќе има одреден напредок во Бугарија и во Македонија младите подготвуваат свои бизнис акции, така што во иднина ќе се видат резултатите, но тоа е добро што младите веќе почнаа да се поттикнуваат и мотивираат на оваа тема, која релативно е непозната за младата популација воопшто, изјави Александра Цветковска од ЦИД.

Во рамки на проектот младите ги едуцираат стручни лица на различни теми, проектен менџмент, комуникациски вештини, претприемништво. Проектот трае петнаесет месеци, а ќе биде заокружен со конференција на која младите ќе ги презентираат своите искуства во однос на подготвка бизнис планови.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска