Турската полиција денеска уапси 11 поддржувачи на Курдската работничка партија (ПКК) во акција во областа Елазиг, во источниот дел на земјата.
Како што јави новинската агенција Анадолија, притворените Курди соработувале со забранетата организација ПКК од страна на Анкара.
Во нивните домови во градот Елазиг и околните места било пронајдено оружје, дрога и електронска опрема.