При експлозија во рудникот Уркани во округот Хунедоара во западна Романија, којашто се случи рано утрово, четворица рудари останале затрупани.
Спасувачките екипи успеале да извадат тројца од јамата. Сите се тешко повредени и се хоспитализирани во Букурешт. Четвртиот рудар е пронајден без знаци на живот.
Тоа е втора експлозија во рудник во Романија за помалку од еден месец.
Двајца рудари загинаа при уривање во рудникот Лупени, во истиот округ, на 5-ти, овој месец.