Довичиозо победник на трката за ГН на Малезија

Од:

Мотоциклистот од Италија, Андреа Довичиозо победи на денешната трка што се возеше на патеката Сепанг за Големата награда на Малезија.

Победникот на денешната трка Довичиозо до триумфот стигна откако на пет кругови до крајот го мина клупскиот колега Хорхе Лоренцо. Ова за него е втора последователна трка на патеката Сепанг, шеста победа сезонава и 17-та во кариерата.

– Возев во добар ритам и на доволно растојание. Тој погреши, јас ја искористив шансата и избив на првата позиција, изјави Довичиозо.

Место на победничкиот пиедестал како третопласиран обезбеди и Жоан Зарко.

Лидерот во генералниот пласман и најголем кандидат за шампионската титула Марк Маркес тешко се снајде на влажната патека и се пласира на четвртото место. За да ја освои шампионската титула Маркес, потребно е на последната трка за две недели во Валенсија да биде пласиран до 11.то место.

Генерален пласман: Маркес 282 бода, Довичиозо 261, Маверик Вињалес 226, Себастијано Роси 197

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

„Мравката“ повторно ита по патеките – Маркез се врати по осум месеци рехабилитација

Жарко Настоски

Валентино Роси ќе ја вози 20. сезона во Мото ГП

Ана Ололовска

Зарко легнува „под нож“ по бруталната несреќа во Австрија

Ана Ололовска

Мото ГП трки оваа сезона ќе се возат само во Европа

Жарко Настоски

Маркез: Целта е да се опоравам што е можно поскоро, за титулата – после тоа

Ана Ололовска