Во ЕУ стапија во сила построгите буџетски правила

Од:

„Фискалниот пакт“ на Европската унија, договорен во настојување да биде ставена под контрола долготрајната должничка криза во ЕУ, стапи во сила со првиот ден во 2013 година.

Во март минатата година, 25 од 27 членки на ЕУ го прифатија „правилото за урамнотежување на буџетот“ за да обезбедат буџетските дефицити на нивните влади повеќе да не бидат прекумерни, што и ја предизвика должничката криза и речиси ја потопи заедничката валута – еврото.

Пактот за финансиска стабилност исто така подразбира казни за државите кои ги прекршуват правилата и нема да го ограничат јавниот долг и дефицитот, како и централизираниот надѕор што го спроведува ЕУ.

Прописот за урамнотежување на буџетот треба да биде вклучен во националните закони на одделни држави, а пожелно би било да се споменува во базичниот акт на ЕУ, за да подоцна би било тешко да се измени или заобиколи.

Британскиот премиер Дејвид Камерон одби да го потпише пактот, кој Владата во Лондон го гледа како продолжение на вплеткувањето на Брисел во клучното право на една држава да одредува даночни правила и приоритети на потрошувачка.

Мислењето на конзервативниот премиер Камерон го дели и скептичната Влада на Чешка.

ЕУ соопшти дека било потребно договорот да се ратификува од 12 членки на еврозоната, а тој услов е исполнет минатата недела, откако тоа го стори Франција.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он