Балкан Енерџи Груп подигна тендерска документација за учество на јавниот повик за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река.
– Имаме намера да инвестираме во мега-проектот Чебрен – Галиште, за што подигнавме тендерска документација, како и во други проекти за производство на електрична и топлинска енергија во Скопје, пред се заради зголемување на квалитетот на услугата кон граѓаните, преку подобрување на енергетската ефикасност на енергетскиот систем и неговите перформанси. Со реализација на овие активности, во голема мера ќе придонесеме за енергетската независност и стабилност на Република Македонија, велат од компанијата.
Балкан Енерџи Груп е македонска компанија со странски капитал основана од Кардикор Инвестмент ЛТД и Битар Холдинг ЛТД, која инвестира во производствени енергетски капацитети и дејности.
Балкан Енерџи Груп учествуваше на јавниот повик на Регулаторна комисија за енергетика за добивање лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлина, при што ги исполни сите барања и од 1 јануари годинава ја презеде обврската за производство, диструбуција и снабдување со толинска енергија на градот Скопје.