Ина Суслина голманката на македонскиот пркав ЖРК Вардар е една од „трите ѕвезди“ кои го одбележаа третото коло во Лигата на шампионите.
Суслина беше една од најзаслужните за новиот тирумф на вардарки кои на гостувањето кај Ларвик забележаа убедлива победа со 31-19 со што го оддржаа максималниот ефект.
Триесет и осумгодишната Суслина средбата ја заврши со 17 одбрани, па очекувано се најде меѓу најдобрите „три ѕвезди“. Друштво на Русинка во изборот на ЕХФ и прават и Луиза Бургајд од Митјиланд и голманката на Мец, Марина Рајчиќ.
Воедно, една од нејзините одбрани е рангирана како петта најдобра во колото.
Иако вардарки се еден од двата тима кои досега имаат максимален учинок, сепак, според ЕХФ во оваа ринда немаше место за ниту една вардарова ракометарка во „најдобриот тим“.