ВМРО-ДПМНЕ: Ситуацијата со македонската економија е загрижувачка, народот ќе ги трпи последиците

Од:

„Македонската економија е пред колапс и веќе ги чуствува последиците на наводниот живот. Македонија влегува во зона на инфлација. Животот станува се поскап. Тоа го потврдува статистиката. Инфлацијата во месец Август изнесува 1.9 проценти, што за граѓаните значи дека за основите потреби како што е храната тие веќе плаќаат повисоки цени.

Доколку го земеме и фактот дека Македонија веќе длабоко навлегува во рецесија со пад на бруто домашниот производ од 1.8 проценти за последниот квартал. Ситуацијата со македонската економија е загрижувачка, а македонскиот народ е тој што ќе ги трпи последиците.

Македонскиот народ ќе плаќа повисоки цени за основните прехрамбени продукти благодарение на инфлацијата, благодарение на рецесијата во која ја донесе СДС македонската економија, македонските претпријатија ќе трпат, а граѓаните ќе ги загубат своите работни места.

Газда Кочо и милионерот Заев како и нивните деца нема да трпат за леб, тие ќе продолжат да се возат во своите скапи автомобили и да ги споделуваат сликите по социјалните мрежи од екслузивните локации на кои тие патуваат. Македонскиот народ и особено социјално ранливите категории на граѓани ќе бидат први на удар и ќе ја плаќаат цената на неспособноста на СДС, Тевдовски, Анѓушев и Заев“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ