НДМ: Владата на СДСМ да престане со смислените провокации кон Русија

Од:

„Народно движење за Македонија ја повикува владата на СДСМ да престане со смислените провокации кон Русија со цел да испровоцира промена на руската позиција за уставното име налик на нервозната реакција на Србија и на тој начин во пресрет на непристојниот пазар – влез во НАТО и преговори со ЕУ во замена за ново име, големото незадоволство на народот од промената на името да се амортизира со незадоволството спрема Русија што е многу веројатно доколку дојде до промена на руската позиција за уставното име поради зачестените провокации кон Русија од владата на СДСМ.

Да потсетиме, изјавата на министерката Радмила Шекеринска за агенцијата Блумберг дека Русија се меша во внатрешните работи и само членството во НАТО ќе ја заштити Македонија од руско мешање, лагите во соопштението на владата на СДСМ од средбата на Заев со амбасадорот Олег Шчербак….и слични провокации на антируска основа за сместување на Русија во непријателски земји спрема Македонија, се токму во функција на смислените провокации на СДСМ во пресрет на промената на името.

НДМ ја потсетува владата на СДСМ дека Русија е земја која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, идентитетот на македонскиот народ и името на земјата, а неодамна рускиот претседател Путин на отворена сцена изјави дека писменоста на Русија се должи на македонската земја.

НДМ го повикува братскиот и пријателски народ на Русија да не наседнува на овие ефтини трикови на владата на СДСМ, бидејќи поголем дел од народот на Македонија не го гледа крајот на светот до Брисел и не прифаќа членство во ЕУ и НАТО во замена за ново име“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните