Првиот лондонски коктел бар Алкотраз, кој е инспириран од изгледот на прочуениот затвор Алкатраз, беше отворен пред две недели.
Една од првите оригинални реклами е тоа што во него можете да „го внесете“ својот алкохол, но и токму како в затвор, без да Ве забележат чуварите. Пијалаците кои ќе успеете да ги внесете, потоа Ви се сервираат без какви било забелешки… А, за доживувањето да биде целосно, на влезот добивате портокалова затворска „униформа“, и сепареата личат на мали ќелии.
Алкотраз, кој вратите ги отвори за посетителите на 28 септември, за жал, ќе работи само сезонски – три месеци. Пијалаците се послужуваат без менија и во метални затворски чаши, а објектот истовремено има капацитет за 30 „затвореници“.
Овој специфичен ноќен клуб работи од четврток до сабота – од 17 до 23 часот. Влезот чини 30 фунти.