Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска повторно апелираше секое семејство да има најмалку три деца.
– Сакаме силни семејства со најмалку три деца. Едно дете значи банкрот, две деца значат банкрот, но ако турските семејства имаат по три деца ќе се подобрат работите. Бевме нација со младо население, но постепено старееме, наведе Ердоган.
Турскиот премиер посочи дека владејачката Партија на правдата и развојот, како конзервативна партија сака семејства со повеќе деца.
– Треба да успееме во тоа како власт, истакна Ердоган.