Бајките на браќата Грим во Кинотека од 8-ми до 18 јануари

Од:

Кинотеката на Македонија во соработка со  Институтот Гете од 8-ми до 18 јануари ќе прикаже пет филма снимени според бајките на браќата Вилхелм и Јакоб Грим. Со тоа се придружува на светската прослава на јубилејните 200 години од  нивната збирка „Бајки за деца“, објавена на 20 декември 1812.

– На тој начин децата ќе дознаат многу повеќе за госпоѓа Холе, Пепелашка, Снежана, бременските музиканти и сите други херои од бајките на браќата Грим, кои се задолжителна лектира за секое дете во светот, а се дел и од светското културно наследство и во списокот на пишувано културно наследство на УНЕСКО. Бајките на Грим се и подлога за безброј филмски адаптации, соопшти Кинотеката.

Петте филмови се германска продукција и во Кинотеката ќе се прикажуваат од 12 часот. Филмот што во вторник ќе го отвори утринското кино од циклусот „Волшебниот свет на браќата Грим“ е „Пепелашка“ во режија на Уве Јансон, снимен во 2011, кој ќе биде прикажан и на 9 јануари.

На 10-ти и 11 напладне ќе има проекција на „Масата, магарето и стапот“ на Улрих Кониг од 2008, на 12-ти и 14 јануари „Снежана“ на Томас Фројнднер од 2009, на 15-ти и 16-ти филмот „Госпоѓа Холе“ на режисерот Бодо Фурнајзен од 2008 и на 17-ти и 18 јануари ќе биде прикажан „Бременските музиканти“ режиран од Дирк Регел во 2009-та.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање