Двата македонски претставници во елитната ракометна Лига на шампиони, Вардар и Металург денеска ќе ги играат своите средби од петтото коло.
Актуелниот европски првак Вардар го очекува големото дерби против Барселона во рамките на А групата, дуел во кој двата тима влегуваат со максимални три победи и еден нерешен резултат. Средбата во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне од 17 часот и 30 минути.
Покрај овој меч денеска во А групата ќе играат и Нант – Кристијаншдад, додека на средбите кои беа одиграни претходно ПИК Сегед на гости ја победи Висла со 33-27, додека Рајн Некар Левен славеше против ППД Загреб со 31-24.
Табела: Рајн Некар Левен 8 бодови ПИК Сегед 7, Барселона 7 (-1 натпревар помалку), Вардар 7 (-1), Нант 3 (-1), ППД Загреб 1 и Кристијанштад 1 (-1).
Претходно, од 15 часот, Металург ќе го игра мечот против Чеховски Медведи. Рускате екипа е последно пласирана во Д групата со четири порази во исто толку одиграни меча, додека Металург со една победи и нерешен резултат е пред денешниот противник.
Во оваа група денеска ќе играат и Бешикташ – Мотор Запорожје и Спортинг – Монпеље.
Табела: Монпеље 8 бодови, Моптор Запорожје 5, Бешикташ 4, Спортинг 4, Металург 3 и Чеховски Медведи 0.