Турската армија убила 56 курдски бунтовници во последните денови на 2012-та

Од:

 Во последните неколку дена од минатата година турските безбедносни сили ликвидирале вкупно 56 терористи на Курдската работничка партија (ПКК), соопшти армијата.

Турските вооружени сили потврдија дека за време на четиричасовната операција на 22 декември, во која учествувале десет авиони-ловци Ф-16, во северниот дел на Ирак биле убиени 46 курдски екстремисти, од кои 12 жени.

Во акција на турските безбедносни сили во последните денови од 2012 година во округот Диарбекир биле убиени уште 10 курдски бунтовници.

Сепаратистите на ПКК од 1984 година се борат за автономија во населениот главно со Курди југоисточен дел на Турција. Оттогаш досега во судирите загинале десетици илјади луѓе. ПКК се смета за терористичка организација од Турција, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски