Британскиот заменик амбасадор Едвардс ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Од:

Британскиот заменик амбасадор, Пол Едвардс, денеска ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) каде на средба со Џелал Хоџиќ, в.д заменик-директор беше запознаен со работата на Агенцијата, како и проблемите и предизвиците со кои таа се соочува.

Како што соопшти АОПЗ, на средбата се дискутираше и за состојбата на заедниците кои се под 20 отсто, нивната правична застапеност во админстрацијата.

– Амбасадорот беше информиран и за идните планови на АОПЗ, за обновената соработка со ОБСЕ и заедничките активности во периодот кој следува. Како голем проблем на заедниците под 20 отсто, Хоџиќ го потенцираше остварувањето на правото и квалитетот на образование на мајчин јазик, се наведува во соопштението.

Амбасадорот Едвардс, се додава, ја искористи приликата и на средбата ја претстави Чивнинг програмата за магистерски студии за 2018/2019 во Обединетото Кралство.

Би можело да ве интересира

Алесандро Рота од канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ во работна посета на АОПЗ

Ана Ололовска

Работен состанок на невладините организации на Турската заедница во Македонија со АОПЗ

Наум Локоски