Хачисон: Македонија може да биде следната земја членка на НАТО

Од:

Македонија е следната земја што може да ги исполни критериумите за членство во НАТО и јас ја поддржувам, но проблемот е името „Македонија“ кое треба да биде прифатливо и за Грција, изјави постојаниот амбасадор на САД во НАТО Кеј Бејли Хачисон во интервју за „Вашингтон пост“.

Прашана дали како амбасадор ќе се заземе за Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО, Хатчисон рече дека Алијансата има политика на „отворени врати“ за нови земји членки, но тие треба да исполнуваат одредени демократски и воени стандарди.

– Пред 10-15 години имаше дебата и донесена е одлука да имаме политика на отворени врати и да ги вклучиме Балканските и Балтичките земји, и да имаме стандарди што ќе ги направи посилни. Ако имаме исполнети стандарди на демократија, војска и владеење на правото, тогаш овие земји ќе бидат поспособни да се бранат самите и опстанат како демократии на долг рок. Политиката на отворени врати се уште е тука и стандардите се тука, рече Хачисон.

Посочи дека поради спорот со Грција нема едногласно гласање за членството на Македонија.

– Сметам дека сите ја гледаат Македонија и нејзиното исполнување на овие стандарди. Има уште малку до целосно исполнување, но верувам дека ако кажат дека се близу до договор за спорот со името, а ние сакаме да имаат име какво што тие сакаат или во некоја друга форма, но мора да има едногласен консензус. Сметам дека се многу близу. САД ги поддржуваат и ако можат да го исполнат последното парче на внатрешен план и работат кон слободни избори и силна влада, тогаш ќе бидат следната земја членка, изјави Хачисон.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници