Прилеп го чествува 11 Октомври

Од:

По повод 11 Октомври, Денот на народноослободителното востание, денеска во Прилеп им беше оддадена почит на загинатите борци и дејци од Народноослободителната борба.

По тој повод, пред спомениците на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто и на идеологот на НОБ, Кузман Јосифоски Питу, во центарот на Прилеп, свежо цвеќе положија и почит им оддадоа претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, министерот за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, од Сојузот на борците, претставини од локалната самоуправа, политички партии и граѓани. Делегациите почит им оддадоа и на 650-те загинати борци од НОБ на Могилата на непобедените во Паркот на Револуцијата.

Претседателот на Сојузот на борците на Прилеп Круме Соколоски во својата изјава пред, како што рече, светото место – Могилата на непобедените, нагласи дека востанието кое почна на 11 октомври 1941-та е првото и последно победоносно востание на Македонија, почеток кон конечното остварување на вековниот сон – слободна и независна држава. Затоа на Македонија и се потребни сплотеност, единство, одредени компромиси и солидни политики.

-На македонскиот народ му треба сплотеност, му треба единство и одредени компромиси, му се потребни одредени усогласувања за да опстане ова парче земја, затоа што ние треба да мислиме за иднината на нашите поколенија да останат тука, во Македонија, а не да одат во други држави. Затоа се потребни одредени солидни политики, било на економски или на општествено-политички план, но, секако, на македонскиот народ му се потребни сплотеност и единство, рече Соколоски.

Според министерот за одбрана Радмила Шекеринска, непобедени се сите кои се бореле за слободна и независна Македонија, а секоја генерација има своја битка.

– Велиме непобедени се сите оние кои се бореле за слобода. И поради нивната борба пред многу години, денеска Македонија е слободна и независна држава. Меѓутоа, секоја генерација има своја борба. Македонија како држава покажа дека е зрела понатаму да се избори за својата демократија, за својата стабилност, безбедност и за својот економски просперитет. Денеска кога им оддаваме почит на сите минати борци, време е да се потсетиме и на они кои денеска ја бранат Македонија и нејзините интереси. Затоа ми е задоволство да кажам, како и вчера, дека владата успеа да обезбеди средства во буџетот за 2018 година за зголемување на платите за 10 насто во целиот армиски состав, рече Шекеринска.

За министерот за транспорт и врски Горан Сугарски оддавањето почит на загинатите борци и дејци кои се бореле за денешна слободна и независна Македонија потсетува на нашите заложби дека борбата за европска Македонија се темели на она што значи слобода, демократија, човекови права.

-Сакам да испратам јасна и недвосмислена порака дека процесите кои се почнати ќе продолжат. Република Македонија ќе биде пристојно место за живеење и сите граѓани ќе живат слободно, по сопствена волја и повеќе нема а го дозволуваме оној егзодус на иселување што се случуваше досега, рече Сугарески.

За Марјан Ристески битно е да се обезбеди развој на Прилеп и да се почитуваат историјата и традициите.

– Могилата на непобедените во Прилеп е свето место каде се моштите на борците и гордо е да се биде прилепчанец. Борците ни оставиле аманет на сите сегашни и идни генерации да и сакаме и да ги почитуваме историјата, традицијата и културата на македонскиот народ. Да не дозволиме некој да ни ја менува историјата по секоја цена. На Прилеп треба да му се обезбеди развој, економски со многу домашни и странски инвестиции, рече Ристески.

Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп синоќа беше изведен традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на виорните насани пред 76 години, а денеска се одржуваат и две манифестации. На булеварот „Гоце Делчев“ по 10-ти пат се одржува изложба на автомобили- олдтајмери и спортскимопдифицирани автомобили, а на плоштадот пред Граскиот саат е и изложбата на рачни ракотворби во организација на невладината „Мајка традиција“.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври