Во Струмица одбележан Денот на народното востание

Од:

Со пригодна програма што се одржа пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, општина Струмица го одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание на Македонија.

Во знак на почит кон сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание беше положено свежо цвеќе, а рецитаторите од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија. За значењето на празникот зборуваше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

– 11 октомври 1941 година e денот кога македонскиот непокор уште еднаш беше потврден на дело, како многу пати до тогаш, а со осамнување на денешниот ден повторно се појавија спомените за тој непокор и за слободољубивоста на македонските борци, кои на дело ја покажаа и докажаа љубовта кон својата татковина. Меѓу многуте напишани и кажани зборови за овој наш празник, останало запаметено дека: “Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на голем број млади луѓе. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот од креирањето на вистинската приказна за македонската република, рече Костадинов.

Одбележувањето на празникот продолжи со турнир во мал фудбал за девојки од осум до 14 години, а утре ќе се одржат ноќни крос трки за учениците од основните и средните училишта.

Би можело да ве интересира

И по највисоките признанија остануваат нови предизвици, вели Андоновски во име на добитниците на наградата „11 Октомври“

Катерина Ѓуровски

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Македонија го празнува 11 Октомври – 85 години од народното востание

Катерина Ѓуровски

Државната награда „11 Октомври“ за 2026 ја добиваат Венко Андоновски, Димитар Пандев, Ѓулумсер Касапи и Владо Поповски