Честитка од МД „Илинден“ по повод 11 Октомври

Од:

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и огранокот за Голо Брдо, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка по повод 11 Октомври.

„Во име на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана и огранокот за Голо Брдо Ви го честитаме 11-ти Октомври Денот на востанието на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден,“ се наведува во честитката.

Денеска, се наведува во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.

„До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата Македонија“, порачува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Али Халилај.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври