Протеран дописникот на „Њујорк тајмс“ од Кина

Од:

Дописникот на „Њујорк тајмс“ во Пекинг Крис Бакли вчера беше принуден да ја напушти Кина, откако властите одбија да му ја продолжат визата.

Австралиецот Бакли, неговата сопруга и ќерка вчера заминаа од Кина и отпатуваа за Хонг Конг.

Бакли претходно објави текстови за богатството на роднините на кинескиот премиер Вен Џиабао, по што кинеските власти го блокираат пристапот до интернет-страницата на „Њујорк тајмс“.

Кинеските власти демантираат дека има поврзаност меѓу укинувањето на визата и текстовите.

Во мај минатата година американската новинарка Мелиса Чан исто така беше принудена да ја напушти Кина, додека уредникот на редакцијата на „Њујорк тајмс“ во Пекинг неколку месеци чека кинеска виза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски