Одложено судењето за случајот „Сопот“, во кој 10 лица се осудени за тероризам, рочиштето закажано за 18 октомври.
Одложувањето е по барање на одбраната поради промена на судиите во кривичниот совет и поради фактот што Специјалното јавно обвинителство го застапува обвинението.
Од судијката Дијана Груевска-Илиевска, одбраната побара повеќе време за подготовка. Судијката предложи за наредното рочиште кое ќе се одржи следната недела да бидат сослушани сведоците во случајот за да се забрза постапката.
Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО се согласи со барањата на одбраната и го напушти судот, без да даде изјава за медиумите.
Ова беше трето одложување на судењето за „Сопот“ по преземањето на предметот на СЈО во своја надлежност. Случајот „Сопот“ е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам. Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево-Сопот.