Од денеска построги буџетски правила во ЕУ

Од:

„Фискалниот пакт“ на ЕУ, договорен во рамки на напорите да се скроти долготрајната должничка криза, треба денеска да стапи во сила.

Во март минатата година 25 од 27 земји членки на ЕУ го прифатија „правилото за избалансиран буџет“, со цел да обезбедат буџетскиот дефицит на нивните влади повеќе да не биде прекумерен, што беше и причина за должничката криза и речиси го „уништи“ еврото.

Пактот за фискална стабилност, исто така, подразбира казни за државите кои ќе ги прекршат правилата и нема да го ограничат јавниот долг и дефицит, со централизиран надзор од ЕУ.

Британскиот премиер Дејвид Камерон одби да го потпише пактот, кој Лондон го оценува како продолжување на мешањето на Брисел во клучното право на една држава да ги одредува даночните правила и приоритети на потрошувачката. Неговото мислење го дели и скептичната Чешка.

Било потребно договорот да го ратификуваат 12 членки на еврозоната, а тој услов е исполнет минатата недела, откако тоа го направи и Финска, па пактот стапува во сила денеска.

„Фискалниот пакт“, пред Финска, го ратификуваа Австрија, Кипар, Германија, Естонија, Шпанија, Франција, Грција, Италија, Ирска, Португалија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он