Ракометарките на Вардар забележаа победа на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го победија тимот на ФТЦ Реил Карго од Унгарија со 34-31 (20-11).
Одличното прво полувреме на вардарки во кое постигнаа 20 гола беше решавачки за крајниот исход на мечот.
Лекиќ и Цвијиќ со по седум голови беа најефикасни во победничкиот тим.
Во следното коло Вардар гостува во Германија кај Турингер.