Договорени три од четирите термини во ракометната ЛШ за февруари 2018

Од:

ЕХФ Маркетинг во соработка со клубовите и ТВ кои ги имаат правата за пренос ги усогласија термините за 11, 12 и 13 коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Вардар во февруари 2018 година треба да одигра четири натпревари, по два дома на гости.

– По завршувањето на ЕП на крајот на јануари 2018 година ќе имаме краток период за подготовка за гостувањето во Барселона. Тој натпревар е закажан за 10 февруари 2018 година, но дополнително треба да се утврди часот на одигрување на средбата, соопштија од РК Вардар.

Во следното 12. коло Вардар е домаќин на ПИК Сегед, на 18 февруари. Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански” во 17 часот.
Гостувањето кај Нант во Франција е закажано за 25 февруари 2018 година. Средбата е закажана за 19 часот.

Во последното коло од групната фаза Вардар треба да го пречека тимот на Висла Плоцк од Полска, а тој меч се уште не е договорен.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска