Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг ги отфрли шпекулациите дека Турција подготвува воена операција во Ирачки Курдистан, откако овој регион одржа референдум за независност.
– Ние ќе дејствуваме разумно, во координација со нашите соседи, изјави Боздаг одговарајќи на прашањето дали се подготвува регионална операција против Ирачки Курдистан.
Турција ги координира своите активности со Ирак и Иран во врска со состојбата во Ирачки Курдистан, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утре треба да го посети Техеран.
Ирачки Курдистан веќе се соочи со прекин на авионските врски и забрана за извоз на нафта, освен доколку трговијата се врши преку централните власти во Багдад.
Боздаг најави и дека турските телевизиски оператори ќе го прекинат емитувањето на неколку канали кои ја поддржуваат курдската независност.
Турција и самата се соочува со повеќедецениска борба против сепаратиситчката Курдска работничка партија (ПКК), а движења за независност на Курдите има и во соседните Сирија и Иран.