Европскиот првак Вардар ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампионите по трите одиграни натпревари во групната фаза. „Црвено-црните“ примија 66 гола на три средби или 22 во просек по натпревар, убедливо најмалку во однос на другите 15 екипи во двете најквалитетни други од ЛШ.
Најблиску до Вардар по бројот на примени голови е Нант со 79, Пик Сегед и Киелце имаат по 80, ПСЖ и Кил по 83,…
Покрај Вардар, уште Барселона и Веспрем се единствените тимови без пораз досега. Првиот пораз оваа сезона го доживеа тимот на ПСЖ, ланскиот финалист на ЛШ, кој загуби на гостувањето во Германија кај Флензбург.
Во Б групата дури пет екипи имаат по два бода, а поранешниот европски првак Киелце и по вторпат загуби сезонава, и пак на гостински терен, сега кај Целје.