АРМ: Успешно реализирана вежба по стандардите на НАТО за меѓусебна интероперабилност

Од:

Со показната вежба „Кордон и потрага“ припадниците од армиите на земјите учесници на воената вежба „Здружена реакција-17” денеска ги реализираа завршните активности.

Како што информираа од АРМ, единици на воена полиција од Армијата на Република Македонија, армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Националните гарди на сојузните држави на САД, Вермонт и Минесота, пред голем број на посетители ја изведоа показна вежба на која ја демонстрираа меѓусебната интероперабилност во постапките согласно стандардите на НАТО.

На полигонот на Криволак покрај командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески, присуствуваа претставници од асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во Република Македонија, команданти на единиците на АРМ и други високи гости од МО и ГШ на АРМ.

Вежбата „Здружена реакција-17“ во изминатите неколку денови овозможи размена на способности и искуства со цел зголемување на меѓусебното разбирање на воено полициските капацитети на вооружените сили од А5 иницијативата.

Од АРМ информираат дека од понеделник Армијата на Македонија отпочнува со воената вежба „Македонски блесок 13“ на која ќе се изврши НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска баталјонска група и оценување на лесна маневарска болница со улога -2, како и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски