Состанок на Северно-атлантскиот совет со Република Македонија: НАТО може да смета на Македонија

Од:

Македонската делегација во состав заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска учествуваше на состанокот на Северно-атлантскиот совет со Република Македонија (NAC+1) на кој официјално се затвори 17-от циклус на Акциониот план за членство во НАТО.

Со состанокот претседаваше заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемелер, а пред амбасадорите на Северно-атлантскиот совет се обратија двајцата министри. Во таа прилика, од страна на македонската делегација, беше демонстрирана цврстата определба на Владата за унапредување на односите и соработката со НАТО и во тој контекст беа упатени следните пораки до Алијансата:

-Прво, дека НАТО може да смета на Македонија бидејќи оваа Влада ги исполнува ветените резултати преку квалитетни реформи базирани на инклузивност и партнерство и цврста заложба за воспоставување нова култура на транспарентност, отчетност и одговорност;

-Второ, Владата презема решителни чекори за промоција на својата меѓународна позиција и унапредување на регионалната соработка преку суштински пристап на водење отворени, искрени и конструктивниодноси кон нашите соседи, што имаат за цел решавање на постоечките отворени прашања во регионот, наместо создавање на проблеми. Тоа е политика базирана на взаемна доверба, почит и солидарност и

– Трето, Македонија ќе продолжи и понатаму ќе ја зајакнува својата улога како активен контрибутор кон обезбедувањето на глобалниот мир и безбедност.

На Состанокот беше реафирмиран политичкиот и општествениот консензус за Евро-атлантско интегрирање на земјата, како и целосната подготвеност на Република Македонија да се вклучи во Алијансата како нејзина рамноправна членка, согласно постигнувањата во реформите и нејзините капацитети и подготвеностаза рамноправно учество во меѓународните мировни операции.

Од страна на заменикот генерален секретар и од претставниците на земјите членки на Алијансата, беа искажани позитивни ставови и охрабрување за определбата на Република Македонија за јакнење на соработката со НАТО и за напорите што ги презема за што поскора нејзина интеграција во Алијансата.

Исто така беше искажана и широка поддршка за успешните домашни реформски процеси што ги спроведува сегашната Влада, како и поддршка за конструктивната улога на Република Македонија во регионалната соработка,а особено за стабилноста на Регионот и за нејзината улога на контрибутор кон меѓународната безбедност, со значајното учеството во мисиите на НАТО и другите мировни операции;

Во коментарите од делегациите беа упатени и препораки за натамошно силно темпо во борбата против организираниот криминал, корупцијата, реформата на судството, независноста на медиумите и другите приоритети на Владата.

Претставниците на Алијансата истакнаа дека Република Македонија е на правиот пат и изразија уверување дека постоечката динамика на имплементација на реформите, несомнено ќе придонесат кон што поскора интеграција на Република Македонија во Алијансата.

Пред состанокот со Северно-атлантскиот совет со Република Македонија, македонската делегација оствари средба со заменикот генерален секретар на НАТО Роуз Готемелер.

Би можело да ве интересира

Ритер: Поразот во Украина ќе биде последниот клинец во ковчегот на НАТО

Руски генерал: Ако Западот воведе забранета зона за летови над Украина, ќе ги нападнеме земјите од НАТО

А1он

Има ли Европа одговор на ултиматумот на Трамп

Руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, авионите не успеаа да го срушат

Анкета: Повеќе од половина од Полјаците не сакаат да ја бранат земјата

НАТО започнува операција „Источна стража“: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата

А1он