Романија ќе купи американски ракетен систем Патриот

Од:

Романскиот министер за одбрана Михаи Фифор најави дека до крајот на 2017 година Романија ќе го купи својот прв против-авионски и против-ракетен систем Патриот. Заедно со ракетниот систем, Романија преговара со САД за да купи и 36 борбени авиони од типот Ф-16.

Вкупната вредност на зделката за системот Патриот изнесува 3,9 милијарди долари.

Министерот Фифор рече дека романска компанија ќе биде определена за одржување на тој систем. Во рамките на програмата за модернизирање на армијата, Романија исто така разговара со швајцарската компанија Џенерал Дајнамикс за да набави десет оклопни транспортери од типот Пирана.

Романија планира да потроши вкупно 9,3 милијарди евра за модернизирање на армијата во текот на 2017 година, и да ја исполни НАТО обврската да издвои два проценти од својот бруто домашен производ за одбрана.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски