Ставридис: Македонија е следна држава што ќе влезе во НАТО

Од:

Македонија е следна држава која што ќе влезе во НАТО, изјави поранешниот командант на Алијансата, Џејмс Ставридис, кој вели дека тоа би бил и следен чекор кон обединување и јакнење на Балканот.

– Се надевам дека Грција ќе биде во состојба со Македонија да го реши спорот околу името, што ќе ја отвори вратата Македонија да стане дел од НАТО. Сметам дека Македонија ќе се приклучи кон Алијансата, рече Ставридис за Гласот на Америка.

И американскиот потпретседател Мајк Пенс, во името на претседателот Доналд Трамп, претходно овој месец во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја повторил поддршката за евроатлантските интеграции на Македонија.

– Пенс рече дека САД продолжуваат да ги поддржуваат евроатлантските стремежи на Македонија, и го охрабри Заев да продолжи со приоритетните реформи што ќе го забрзаат патот на Македонија во тој правец, соопшти тогаш Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници