Иницијатива пред Уставен на Наставничкиот пленум за членовите 13 и 14 од статутот на СОНК

Од:

Наставничкиот пленум поднесе иницијатива пред Уставниот суд за испитување на уставноста и законитоста на членовите 13 и 14 од Статутот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Наставничкиот пленум смета дека раководството на СОНК го изменило Статутот и член може да истапи од СОНК три години по поднесувањето барање за исчленување.

Пленумот смета дека тоа се прави за да се оневозможи излегување од СОНК на се поголем број членови кои се незадоволни од тоа што Јаким Неделков и почесниот претседател Дојчин Цветановски нетранспарентно ги трошеле парите, како и од начинот како го менаџирале штрајкот на наставниците пред две години.

– Тајноста и нетранспарентноста создаваат недоверба, затоа многумина од членовите на СОНК се незадоволни од раководството, кое пред се го сочинуваат Јаким Неделков како претседател на СОНК и Дојчин Цветановски како почесен претседател. Никој не знае колкава плата земаат тие двајца, ниту колку трошат за службени ручеци. За да можат да го задржат своето членство прибегнаа кон очајни мерки. Имено во Статутот донесоа член, според кој три години не може да се истапи од членство по поднесување на барањето, изјави еден од потписниците на иницијативата Влатко Секулоски.

Тој рече дека бил исклучен од СОНК поради тоа што поставувал такви прашања, меѓу другото прашувал и колкава плата земаат раководителите.

– Всушност според Статутот на СОНК само тројцата членови на надзорниот одбор и тројцата нивни заменици имаат право да знаат како се трошат заедничките пари на членовите, кои плаќаат околу 0,5 отсто од платата, што е 120 до 150 денари, нагласи Секулоски.

Советот на СОНК еднаш годишно добива податоци за трошењето на тие пари, а Секулоски смета дека тие податоци треба да бидат достапни за целото членство затоа што тие се нивни пари, а не само на Советот.

Тој посочи дека се шпекулира оти раководителите на СОНК земаат околу илјада евра плата, а со оглед на тоа дека СОНК постои долги години спроед него на сметаката на овој синдикат има од три до десет милиони евра.

Секулоски додаде дека СОНК има околу 30 илјади членови, секој од нив дава од две до две и пол евра, од кои 30 отсто одат за централата, 30 отсто одат и во регионалните синдикални здруженија.

– Ако 30 илјади луѓе дадат по пола евро месечно тоа се минимум 15 илјади евра, за десет месеци тоа се 150 илјади евра и тоа само во централата во Скопје, појасни Секулоски.

Претходно денеска претседателот на СОНК Неделков изјави дека некоја организација што се нарекува Наставнички пленум си дала за право да се интересира за документите на некоја друга организација.

– Не знам од каде им е тоа право и не би ги коментирал нивните интриги и маркетингот што го прават во јавноста обидувајќи се да создадат револт во членството на СОНК и да го дискриминираат раководството на СОНК, рече Неделков.

Според Неделков, Наставничкиот пленум е неформална група која, како што рече, воопшто не е ни значајна во образованието и со иницијативата пред Уставен суд се обидува со лаги и шпекулации да придобие членови во нивната организација и да прави личен атак кон него и кон Цветановски. Рече дека ќе се советува со правни консултанти и дека може да следува кривична пријава за клевета кон организацијата и кон нејзиниот претседател.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе одлучува по предметот за ДУП-от со бензинската на „Пуцко-петрол“ во Карпош

Ана Ололовска

Уставниот суд укина два члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица

Ана Ололовска

Уставен го оцени како неуставно ограничувањето на изборот на претседател на Судскиот совет само од членовите избрани од Собранието

Ана Ололовска