Вооружен грабеж се случи утрово во златарница во центарот на Кавадарци од каде одзеле дел од златото.
Според изјавите на сопственикот Сашко Коцев грабежот го извриле четворица маскирани кои биле вооружени со пиштоло.
– Успеав на едниот да му ја извадам маската. Тој ме удри, јас му вратив по што тој ме удри со пиштолот по главата. Напаѓаќите испукаа со пиштолите неколку пати. За среќа мене не ме погоди куршум, но имам повреди на главата од ударот со пиштолот, вели тој.
Истиот дуќан бил ограбен пред две години но и пред две седмици.