На почетокот на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите, ЕХФ побара сите тренери на екипите што се натпреваруваат во елитното натпреварување да го изберат идеалниот тим и најдобриот тренер. Меѓу најдобрите се најдоа двајца вардарци, тренерот Раул Гонзалес и голманот Арпад Штербик.
Во идеалниот тим покрај Штербик се четворица ракометари од ПСЖ и по еден од Веспрем и Кјелце.
Секој тренер гласаше за секоја позиција во тимот и при тоа не смееше да гласа за играчи од својата екипа.
Идеален тим во избор на тренерите на екипите од ЛШ:
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Ласло Наѓ
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
Пивотмен: Јулен Агинагалде (Киелце)
Тренер: Раул Гонзалес (Вардар).
Во конкуренција на сали СЦ „Јане Сандански“ се најде на третото место по критериумот најдобра атмосфера.