Се гради инфраструктурата во пробиштпската Индустриска зона 75

Од:

Во тек е пробивањето на нови улици и изградба на нова водоводна и канализациска мрежа во Индустриската зона 75 во општина Пробиштип. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека проектот се реализира на барање на граѓаните, согласно Програмата за работа на општината за 2017 година.

Деталниот урбанистички план за оваа индустриска зона, која е наменета за лесна и незагадувачка индустрија, предвидува 17 градежни парцели за изградба на комерцијално-деловни објекти, станбени згради и куќи.

– Се работи интензивно на пробивање и тампонирање на улици. Со овој проект се опфатени неколку помали улички, поврзување меѓу нив и две главни сообраќајници, кои што првпат се пробиваат во овој дел од градот. Овде веќе имаме направено нов Детален урбанистички план кој што опфаќа повеќе парцели, изјави Тоневски.

Тој истакна дека со изградбата на инфраструктурата општината создава услови инвеститорите веднаш да ги градат своите објекти. Ова е првата фаза од проектот која чини околу пет милиони денари. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Пробиштип, а за наредната година се предвидува и асфлатирање на новите улици и сообраќајници, кои се со должина од речеси еден километар.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики

Во Пробиштип откриена е спомен-биста на полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

А1он

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал