Алаѓозовски: „Скопје 2014“ го третираме изолирано и му пристапуваме внимателно

Од:

Петчлена работна група во Министерството за култура го анализира проектот „Скопје 2014“ и ќе му пристапи во фази и по приоритети. За некои споменици и објекти кои се најспорни и за кои има реакции и од јавноста, веќе има првични предлози како да се решат, но ќе ги разгледа и за нив ќе одлучи Владата.

Во однос на предлозите министерот за култура Роберт Алаѓозовски ќе разговара со премиерот Зоран Заев откако и двајцата ќе се вратат од своите службени патувања во Кина, односно САД. Министерот рече дека не открива информации за предлозите од работната група додека одлуката за нив не биде конечна.

– Работната група одлучи на проектот да му пристапи по фази, односно приоритет да им се даде на оние објекти кои се најспорни и за кои и самата јавност бара некаква реакција од нас. Тоа е споменикот на Андон Јанев Ќосето, како и на проектите кои се во различни фази на изградба, со што се уште се создаваат финансиски импликации врз државниот буџет. Поради комплексноста на какви било интервенции на дел од објектите, се договоривме работната група да изготви повеќе можни сценарија за некои од нив, а Владата да донесе одлука што конкретно и поединечно со овие проекти, рече Алаѓозовски на прес-конференцијата по повод сто дена Влада.

Нагласи дека „Скопје 2014“ е сложен и комплексен проект и во таа смисла работната група ја изработува анализата и по потреба ангажира стручни лица за одредени безбедносни или финансиски аспекти.

– Бидејќи се работи за сложен проект што се состои од илјадници споменици и нова културна инфраструктура, на проблемот му приоѓаме многу внимателно. Токму во таа смисла, проектот „Скопје 2014“ не е вклучен во новата стратегијата за развој на културата. Ние го сметаме овој проект како еден вид вирус што прво треба да го ставиме во карантин, да го третираме изолирано, па откако ќе неправиме одлуки што понатаму со овој проект може, евентуално, да го планираме во идниот развој, истакна министерот за култура.

На новинарско прашање за Музејот на вода во Охрид, кој е под надлежност на Завод и музеј-Охрид, Алаѓозовски одговори дека новиот состав на Национална комисија на УНЕСКО ќе го разгледа и проблемот со состојбата на овој музеј, во рамки на решавањето на севкупниот проблем со загрозеноста на статусот на Охрид, како дел од листата на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Алаѓозовски и Поповски назначени на нови функции во Владата

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Алаѓозовски: Бифето на Министерството за култура не е кафеана

Наум Локоски

Алаѓозовски: Шпекулации се информациите дека се отстранува Воинот на коњ

Наум Локоски

(ВИДЕО) Алаѓозовски: Министерството ќе се реформира, а улогата на културниот систем ќе се враќа во нормала

Наум Локоски

Алаѓозовски: Не прикриваме ништо, ниту одбегнуваме одговорност

Наум Локоски

Алаѓозовски во Давос: Македонија го поддржува концептот на култура на изградба

Наум Локоски